Балкан
18. August 2015 - 8:40

Долговите кон грчката електродистрибуција се повеќе од две милијарди евра

Долговите кон грчкото јавно претпријатие за електрична енергија (ДЕИ) надминале две милијарди евра во седумте месеци од оваа година, соопшти претседателот на синдикатот на работниците во компанијата.

Јоргос Адамидис информирал дека клиенти кои користат висок напон должат 280 милиони евра, од кои 250 милиони должат високо енергетските индустрии.

Државата должи 220 милиони евра, од кои околу 110 милиони се долгови акумулирани од страна на локалната самоуправа.

Потрошувачите на струја со среден и низок напон имаат неплатени сметки во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра.