Македонија
4. August 2017 - 16:09

Долга ноќ за противпожарните служби на Матка

Десет часа по првите огнедни пламени и четири часа по повлекувањето на авионите и хеликоптерот на Дирекцијата за заштита, пожарот имаше категорија на локализиран.

Против пожарните екипи беа стационирани на две локации источно и југо источно над кањонот. Главната цел беше да се о0невозмоѓи ширње кон боровата шума на делот од Водно и кон Манастирот Свети Никола на врвот на Матка... 

Проценките беа дека северно кон селото Шишево огнената стихија нема да стаса и овие пламени ќе завршат овде до речното корито на Треска

Дваесетина минути по поноќ, кон врвот тргна уште една екипа од двајца пожарникаи како дополнително засилување. На мое инсистирање прифатија да ги придржуваме кон врвот...

Ова е единствената патека која води кон манастирот. Екстремно небезбедна... Лево од нас парталелно на стотина метри е огнот...

Од разговорот со пожарникарите разбрав дека горе има десетина нивни колеги. Засилувањето им е потребно порад освежување на силите, бидејќи некои од нив овде се повеќе од шест часа... 

По четиирисетина минути, дополнителните пожарникари се споија со екипата... 

На мое изненадување со нив беше и скопскиот градоначалник...

Ме убедуваше дека ноќта е на страната на пожарникарите, обидувајќи се да го смири стравот дека пожарот може да излезе од контрола.

Ноќта поради свежината на воздухот можеби е на страната на овие десетина луѓе, но теренот и непристапноста е нивен непријател. Овде нема никаква можност за дотур на големи количини вода.  Единствениот извор е манастирот.

Тие веќе беа тргнати натаму по нови количини...

Дестина до 15 минути се доволни да се здивне, наполнат рачните канистрите од по 25 литри вода и да се определат правците на движење...

Во манастирот се што може да послужи за транспорт на дополнителни количини вода во овој момент е добредојдено.

Патот води назда до првата линија на огнот...

Под локализиран пожар се подразбира пресекување на неговата линија на движење и гасење на големите пламени точки. 

Долга беше ноќта над кањонот Матка...