Долга ноќ во Собрание - преговорите како на почетокот
И после полноќ, нема суштински напредок во преговорите меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски околу Законот за јавното обвинителство со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство.
Извори на преговарачките тимови брифираат дека остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и предметите што ги отвори ова обвинителство.
Од преговарачкиот тим на власта информираат дека главната цел на опозицијата е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од оваа партија да не одговараат пред правосудните органи. За власта, пак, ова е завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај јавниот обвинител, предметите на СЈО веќе никако не зависат од политичарите. Предметите, велат овие извори, зависат исклучиво од независна правосудна институција предводена од јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Од ВМРО-ДПМНЕ не даваат прецизни информации, но посочуваат дека се вртат во круг околу клучните прашања.
Вечерашнава средба следи откако подолг период работните групи од власта и опозицијата не изнајдоа заеднички прифатливи решенија за Законот за ЈО кој треба да се донесе во Собранието со двотретинско мнозинство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна