Документ за Ковид-19 задолжителен за студентите и универзитетските професори во Грција
Под здравствени протоколи, со задолжителен документ за Ковид-19, како за студентите, така и за професорите, со физичко присуство, по повеќе од 18 месеци ќе се отворат универзитетите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за образование на Грција соопштија дека за професорите и за студентите неопходно е да имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или да имаат потврда за прележан Ковид-19 во изминатите шест месеци или да имаат негативен ПЦР или рапид тест, што ќе биде задолжителен два пати седмично и на нивен трошок.
Конкретниот документ поврзан со Ковид-19 ќе се регистрира на специјална интернет платформа, додека, пак, Универзитетите ќе можат да вработат дополнителен персонал задолжен исклучиво за проверка на сертификатите.
Во однос на протоколите за работа, меѓу другото секој факултет или секоја катедра ќе треба да одреди одговорно лице за управување со Ковид-19; амфитеатрите ќе функционираат со полн капацитет; маската ќе биде задолжителна како во внатрешните делови, така и надвор во случај да постои гужва, а во однос на програмите за размена на студенти ќе се следат правилата кои важат за патувањата.
Паралелно, од Министерството за образование на Грција коментираат дека е многу охрабрувачки процентот на вакцинација на академската заедница, со оглед на тоа дека 73 отсто од студентите примиле најмалку една доза или прележале Ковид-19, над 87 проценти од административниот персонал е целосно вакциниран и над 91 отсто од професорите се целосно имунизирани.
За невакцинираните, планирано е во рамки на универзитетите или да се отворат центри за вакцинација или да има мобилни единици за имунизација
Новата академска година во Грција ќе почне на 1 октомври, а универзитетите во земјата се затворени 18 месеци, поради што студентите следеа онлајн предавања.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите