Бизарно но вистинито
30. July 2015 - 10:50

Докторот ја прогласил за мртва, па се разбудила во мртовечница

Еден германски доктор си заработи тужба поради тоа што прогласил 92-годишна пациентка за мртва, а таа по некое време се разбудила во мртовечницата. 

Германското обвнителство вели дека 53-годишниот доктор може да се соочи со затворска казна доколку се докаже дека ова е негова вина. 

Тој наводно во март оваа година ја прогласил жената за мртва откао во нејзиниот дом била затекната без пулс и знаци на живот. Истата таа вечер во мртовечницата се слушнал врисок од ладната просторија. 

Жената веднаш била хоспитализирана, но по два дена починала од срцев удар.