Македонија
22. April 2020 - 9:32

Докторка од болницата во Кочани позитивна на коронавирус

Прв позитивен здравствен работник и во Кочанската болница, пренесуваат медиумите. Лекарка интернист се инфицирала при контакт со пациент позитивен на Ковид-19. Таа е една од двата случаи кои вчера беа пријавени во Кочани. На барање на епидемиолозите во самоизолација се ставени и нејзина колешка лекар интернист, хирург и анестезиолог.