Живот
27. February 2016 - 10:28

Докторите мораа да му ја исечат ногата на ова 9-годишно дете, неговата приказна инспирира

Деветгодишниот Дима Павленко имаше се што едно среќно дете би можело да посака: удобен дом, родители полни со љубов, прекрасна баба и преслатка малечка сестра. Но еден ужасен ден, мирниот живот на ова семејство се растури за миг.

Изби војна во местото каде живееја во Украина. Семејството на Дима се пресели во куќата на бабата, нејзиниот подрум беше поголем и покомфорен за скривање од бомби. Дури и одењето во дворот беше опасно.

-Забележав како мојот син одеднаш порасна. Вчера си играше игри на компјутер, но кога почна војната, тој стана сериозен и стана одговорен и не ја напушташе својата малечка сестра. Кога излегувавме надвор, тој инсистираше од оди прв - да провери, рече таткото на Дима.

Еден ден, никој не можеше да ја предвиди трагедија. Надвор се беше мирно - немаше никакви знаци на борба. Децата Дима и Лера конечно можеа да излезат во дворот. Дишеа свеж воздух, а нивните насемални лица едноставно сјаеја од среќа.

Малечјата лера одеднаш се штрецна кога го слушна својот брат како и вели „Внимавај!“.

Дима виде бомба како паѓа. Ја турна својата сестра на земја и ја покри со своето тело, целосно загрозувајќи го својот живот. Секунда подоцна, имаше огромна експлозија!

Таткото на Дима истраќ надвор. Можеше да ги слушне криците на својот син.

-Трчав кон него и видов, неговата нога речиси беше откината...висеше од неговото тело и буквално се држеше за влакно, рече таткото.

Меѓу болните крици, Дима очајно праша, „Дали таа е жива? Дали дише? Жива ли е?- рече таткото.

Додека крвареше, момчето не престануваше да прашува за својата сестра. И благодарение на него, нејзиниот живот беше спасен.

Вујкото на Дима исто така истрча надвор и му ка врза ногата на детето со првата работа што ја најде. Семејството некако успеа да стигне до болница и покрај бомбашкиот напад. Во автомобилот, Дима постојано го повторуваше името на сестрата. Изгубил многу крв и станувал се поблед. Набрзо изгубил свест.

Четворица лекари очајно се обидувале да го спасат неговиот живот. Хирургот Владимир Стрелцов признал дека во своето 12 годишно искуство во медицината, никогаш не видел или слушнал ваква приказна. Сите во болнциата се молеле за малиот херој: лекарите, сестрите, персоналот и пациентите.

Лекарите им објасниле на родителите на Дима дека ако се обидат да му ја спасат ногата, постои голема можност инфекцијата да се прошири на остатокот од телото. Единствена опција била да ја ампутираат.

Кога момчето конечно се разбудило, на неговите родители им било дозволено да влезат во соба. Таткото нервозно се обидувал да го подготви своето дете за нресреќната вест дека ја изгубило ногата.

-Тато јас сум голе, рече Дима, Разбирам. Кога ќе си одиме дома?

Неговиот татко можел само да го сврти погледот на страна, обидувајќи се да ги скрие солзите. Семејството Павленко повеќе немало дом каде би се вратиле. Бил разрушен до темел од бомбите.

Приказната на Дима не помина незабележано. Веста за малечкиот херој набрзо се прошири како и фактот дека му е потребна протеза, па луѓето почнале да донираат пари за него. За само 3 дена се собрани доволно пари.

Луѓето ја преплавиле неговата соба со подароци и играчки. А тогаш се случи и нешто најдобро, семејството Павленко боди своја куќа.

Протезата за ногата е направена специјално за Дима. Тогаш на рехабилитација овој мал херој научи повторно да оди. Лекарите велат дека Дима наскоро ќе може да трча и да се врати во нормален живот.