Македонија
22. March 2020 - 13:58

Доколку се биде во ред со нивното здравје затекнатите во Дебар ќе си заминат за 4-5 дена

Лицата кои се затекнаа во Дебар по прогласување на кризната состојба, според соодветен постапка ќе може да го напуштат Дебар кога ќе заврши периодот на нивниот 14-сет дневен карантин, изјави на днешната редовна прес – конференција градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи со Оперативнот штаб.

Тоа значи, објасни тој, дека остануваат уште четири до пет дена кога ќе бидат посетени од специјална екипа на здравствени работници,по што ако се биде во најдобар ред со нивното здравје,ќе може да заминат од Дебар.

По прогласувањето на крзната состотјба во Дебар затекнати беа 110 лица,од нив 21 странски државјани, додека остантте од друг град од државава, но повеќето од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Дука оцени дека сите институции ја извршуваат нивната функција, но оти останува граѓаните да бидат поодговорни.

– Институциите за одржување на хигената во градот функционираат нормално според оперативнот план, медицинските екипи прават се што е можно,здравствената служба е на терен, а има и 24 часовно дежурство во Општата болница. Значи одлично функционира само се очекува од Вас граѓаните да бидете поодговорни, да не излегувате од вашите домови без неопходна потреба, порача Дука.

Информираше за пристигната хуманитарна помош донирана од ЕСМ што се состои од 1.000 пакети со храна и 1.000 вреќи брашно од по 25 килограми. Од вкупната помош 300 се за Центар Жупа останатите за општина Дебар.

Дука, на прес – конферецијата го повтори апелот граѓаните строго да ги почитуваат препораките,зашто на тој начин ќе придонесат „за себе, своите најблиски,за соседите, пријателите, за целата држава“.