Докази за постоење месечина вон нашиот соларен систем
Со употребата на вселенскиот телескоп Хабл и Кеплер, астрономите дојдоа до докази за постоење месечина надвор од нашиот сончев систем, која кружи околу огромна гасна планета оддалечена околу 8.000 светлосни години.
Според информациите објавени во списанието „Сајенс адвансд", егзомесечината е невообичаена поради својата големина што може да се спореди со Нептун.
Таквите огромни месечини не постојат во нашиот сончев систем каде се снимаат речиси 200 природни сателити.
- Ова ќе биде прв случај за откривање на една месечина надвор од нашиот сончев систем, вели Дејвид Кипинг, професор по астрономија на Универзитетот Колумбија.
- Ако се потврди со дополнителни набљудувања, ова откритие може да обезбеди важни информации за развојот на планетарните системи, рече Кипинг.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање