Дојранци гласаа против Казандол и отворање други рудници
Граѓаните на Дојран на локалниот референдум вчера гласаа против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ во соседната општина Валандово и против отворање рудници за металични суровини на територијата на општина Дојран.
Од вкупно запишаните 2.747 гласачи, на референдумот излегле 1.407 гласачи или 51,22 отсто, од кои на првото референдумско прашање против гласале 1.336 граѓани, односно околу 95 отсто од излезените гласачи, соопшти Митко Андонов, претседател на Општинската изборна комисија.
На второто референдумско прашање, против отворање рудници на територијата на општина Дојран, гласале 1.340 граѓани или околу 52 отсто од излезените гласачи. Според Андонов, на двете референдумски прашања педесетина дојранчани гласале „за“, дваесетина ливчиња биле неважечки, а неупотребени останале 1340 ливчиња.
Дојран е третата општина на југоистокот, по Гевгелија и Богданци, која се изјасни против продолжување со работа на рударскиот комплекс „Казандол“ во соседната општина Валандово и против отворање какви било рудници на својата територија. За ова прашање ќе се изјаснуваат валандовчани на референдум закажан за 20 август.
Ново на Сител
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме
-
Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот
-
Најмалку 40 цивили загинаа во израелски напад врз зграда во бегалски камп во Џабалија, во Појасот Газа
-
УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври