Македонија
25. March 2018 - 13:49

Дојдоа полицајци да ја смират: Пијана млада девојка направи ршум во кафеана во Центар

Вчера во 12.30 часот во угостителски објект во центарот на Скопје дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Л.П. (26) од Скопје, која почнала да крши чаши и чинии во објектот. 

Таа била спречена и задржана од обезбедувањето во објектот до доаѓањето на полициски службеници, по што Л.П. била алкотестирана и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот.

Се работи на расчистување на случајот.