Свет
20. October 2021 - 10:39

Дојче веле: И Германија во ценовен шок, до кога ќе поскапуваат горивата

Цените на бензинот и дизелот силно ги погодија Германците во паричникот. Според автомобилскиот клуб АДАК, дизелот во Германија достигна историска рекордна цена од 1,55 евра за литар.

Цената на бензинот исто така се индексира до историски рекорд. Еден литар Супер на крајот на неделата чинеше 1,67 евра, а највисоката вредност беше постигната во август 2012 година – 1,70 евра за литар, објави Дојче веле.