Балкан
8. April 2017 - 17:37

Дојава за подметната бомба во трговскиот центар предизвика паника

Трговскиот центар „Делта Сити“ во Подгорица денеска попладна е евакуиран поради дојава за подметната бомба.

Трговскиот центар ќе биде затворен се додека полицијата не изврши проверка.

Во моментот на дојава во трговскиот центар имало повеќе стотина луѓе, а пред „Делта Сити“ има противпожарни екипи и возила на брза помош.