Македонија
16. јуни 2018 - 16:38

Договорот за името ќе биде потпишан рано изутрина во грчка Преспа, Заев и Ципрас ќе ручаат на македонска страна

Утре во 9:30 изутрина по македонско време во преспанскиот регион на грчка територија, Димиторв и Коѕијас ќе го потпишат договорот за името. На настанот ќе присуствуваат медијаторот Метју Нимиц, европската двојка Могерини-Хан, како и заменичката на генералниот секретар на Обединетите нации Розмари ди Карло.

Во официјалниот дел по потпишувањето на договорот, ќе се обратат премиеритe Заев и Ципрас, а веднаш потоа делегациите на двете земји се селат на македонска територија, каде премиерте на свете земји ќе остварат средба и заеднички ручек кој ќе се случи во Отешево. Покрај Заев и Димитров, дел од македонската делегација ќе бидат вицепремиерот Бујар Османи и Радмила Шеќеринска, како и министерот за внтарешни Оливер Спасовски.

Два дена пред потпишувањето на постигнатиот договор за името, премиерот Заев останува на ставот, дека овој чекор ќе донесе само придобивки за двете земји и целиот регион.

Потпишаниот догворот најверотано ќе се најде на владина седница уште во понеделниик изутрина, а до средината на следната недела и пред пратениците.

Пред да добие зелено светло на пленарна седница, договорот ќе мора да помине на собраниската комисија за надворешна политика со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, а дискусиите не се временски органичени. По ратификација во Собранието, договорот за името ќе треба да добие и потпис од претседателот Иванов, кој веќе најави дека нема намера да потпише документ кој предвидува уставни измени и имет за севкупна употреба.