Бизнис
17. February 2016 - 20:04

Договорот меѓу Русија и Саудиска Арабија нема да го стопира падот на цената на нафтата

Иран не сака да го ограничи производството на нафта.Иранските власти  немаат  намера да се приклучат  на вчерашната спогодба со која најголемите светски производители Русија и Саудиска Арабија се договорија да ја замрзнат експлоатацијата на црното злато на нивото од 11ти јануари. Нив им се придружија и Катар и Венецуела . Како што јавуваат светските медиуми властите ја донеле одлуката поради тоа што многу земји го зголемувале производството кога Техеран  бил под санкции. Сега земјата има намера со зголемување на производството да ги компензира загубите.

Одлуката за замрзнување беше донесена  во време кога Ирак соопшти дека достигнал рекордно производство од 4,7 милиони барели на ден, а Иран објави дека се враќа на светскиот нафтен пазар. Производителите очекуваат дека на ваков начин ќе се стопира падот на цената.

-Не сакаме сериозни варијации во цената, ниту пак редуциурање на понудата. Сакаме да одговориме на побарувачката и сакаме стабилна цена на нафтата.

Веднаш по спогодбата скокна цената на нафтата . Утринава барел сурова нафта на американскиот пазар  се продаваше за еден долар поскапо односно 33,17 долари. Додека на берзата во Лондон цената се искачи на 30.31долар.

Цената на црното злато во  јуни 2014 изнесуваше 116 долари за барел. Изминатиов период се намалуваше и во јануари падна на ниво од  28 долари за барел, што е најниско ниво од 2003 наваму.