Балкан
19. November 2019 - 20:39

Додик: Усвоениот документ не прејудицира членство на БиХ во НАТО

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека никаков документ што прејудицира членство во НАТО не е усвоен на денешната седница на Претседателството на БиХ, туку само Програма за реформи во БиХ.

-Во тој документ отворено се вели дека документот е сет од реформи и дека тие не прејудицираат членство и за секој вид движење во правец на членство во НАТО потребна е нова одлука на Претседателството на БиХ и Парламентарното собрание и дека одлуката ќе се носи во согласност со ставовите на сите органи на власта, рече Додик за бањалучката „Алтернативна телевизја”.

Кажувајќи дека ги разбира „овие од СДС и ПДП ” и дека „гледа дека се бесни”, тој рече дека треба „да престанат да се лутат”.
-Го разбирам и тоа затоа што тие неоправдано долго седеа на места во органите на власта на БиХ и со ова им се уриваат привилегиите и да се направат многу работи што не се во согласност со ставовите на Народото собрание на Република Српска- рече Ддоик.

По денешната седница на Претседателството на БиХ во Сараево тој замина за Белград, каде се сретна со српскиот претседател Алексанадар  Вучиќ.

Претседателството на БиХ на денешната вонредна седница донесе одлука за именување на Зоран Тегелтија (СНСД) за претседавач со Советот на министри на БиХ и донесе одлука во седиштето на НАТО во Брисел да се достави документот Програма за рефирми на БиХ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.