Македонија
20. December 2019 - 8:39

Доделување награди на манифестацијата „Вечер за жени во спортот“

„Вечер за жени во спортот“ е манифестација на која во свечена атмосфера денеска ќе се доделат награди во 12 категории и ќе се слави успехот и најдобрите спортски достигувања на спортистките во 2019 година.

Целта на овој настан, како што информираат организаторите, е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт, да се промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.

Манифестација е реализирана од граѓанската организација ТАКТ, која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт.