-->
-->
Додека пратениците расправаа за состојбата во Идризово, повторно гореше затворот
-->
Вчера во 09.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, во делот на бањата, настанал пожар во кој била зафатена кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица. Увид бил извршен.
Вчера додека горело во најголемиот затвор, работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, дискутираше на тема: Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија.
Казнено-поправните домови имаат недостиг од финансии за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата, се дел од нивните заклучоци.
Инаку пожар во затворот „Идризово“ изби и на 10 јули годинава кога поради чадот, затворениците брзо ги напуштиле ќелиите и излегле во дворот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година