Македонија
23. July 2019 - 15:24

Додека пратениците расправаа за состојбата во Идризово, повторно гореше затворот

Вчера во 09.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, во делот на бањата, настанал пожар во кој била зафатена кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица. Увид бил извршен. 
 
Вчера додека горело во најголемиот затвор, работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот,  дискутираше на тема: Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија.

Казнено-поправните домови имаат недостиг од финансии за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата, се дел од нивните заклучоци.

Инаку пожар во затворот „Идризово“ изби и на 10 јули годинава кога поради чадот, затворениците брзо ги напуштиле ќелиите и излегле во дворот.