Македонија
5. јуни 2020 - 11:05

Додека извршувал работи со мотокултиватор ја исекол ногата, од здобиените повреди починал на местото

Вчера во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Другово, кичевско, Ц.З.(54) од селото, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на местото. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.