Loading Video...
Ракомет
26. August 2020 - 8:30

Добра вест за вардарци – нема други позитивни на Ковид-19

Добра вест доаѓа од редовите на актуелниот европски ракпометен шампион Вардар. Освен капитенот Стојанче Стоилов, ниту еден друг ракометар на Вардар не с позитивен ва Корона вирусот. 
 
Тестовите направени на останатите ракометари биле негативни, па црвено-црните го одржале вечерниот тренин, а продолжуваат и според планот на подготовките за првиот меч кој им претстои веќе во сабота. 
 
В петок ќе бидат направени нови тестови, што е дел од протоколот пред да се одигра натпреварот од СЕХА лига, односно реванш четвртфиналниот дуел  против Нексе.
 
Во него вардарци ќе влезат со гол позитива, откако првиот меч во Нашице го добија со 31-30. 
 
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе на програмата е в сабота од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, а ќе се игра без навивачи, односно во салата ќе бидат присутни само преставници на медиумите и тоа вкупно 20-тина на број кои ќе сите останати ќе мора да ги почитуваат строгите протоколи.