Македонија
5. јуни 2017 - 11:43

Доаѓа силно невреме во Македонија

 
Времето денеска сончево, па попладне невреме. До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба, по што следува период на стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот.