До вчера во државата вакцинирани над 196.000 граѓани
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.211 лица, соопшти Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани. Со последните бројки, како што посочуваат од Министерството, 44 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36 проценти од населението над 65 години и 30 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што наведуваат, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација