До утре земјоделците имаат рок да поднесат барање за легализација на објектите
Земјоделците кои имаат изградено објекти за обработка на примарното производство заклучно до 3 март 2011 година имаат рок до утре да поднесат барање за легализација. Под овие објекти не се сметаат натрешниците или објектите за времено домување.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев апелираа до земјоделците да го искористат овој рок и да поднесат барање за легализација на објектите.
- Имотниот лист којшто ќе го добијат ќе им биде од огромно значење. Ќе може да го искористат за постапките за добивање на средства од ИПАРД фондовите, ќе имаат имот којшто легално ќе го поседуваат и ќе имаат можност да ги модернизираат или прошират објектите, истакна Костадиновски на прес-конференција.
Тој апелираше до општините да го продолжат работното време со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците кои сеуште немаат поднесено барање за легализација.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, легализацијата на земјоделските објекти ќе направи пресвртница во сточарството бидејќи објектите ќе бидат во сопственост на земјоделците и тие ќе може да го планираат своето производство.
- Сега ќе имаме сигурност. Досега немавме документи за користење на објектите или за нивно продавање и купување, рече Шаклев.
Откако ќе го поднесат барањето за легализација, земјоделците ќе имаат рок до декември 2017 година да поднесат елаборат за легализација.
Според проценките, се работи за околу 40 илјади објекти кои земјоделците ќе треба да ги легализираат.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари