До Собранието доставени оставките на министрите и замениците од СДСМ
Претседателот на Владата за организирање на предвремените парламентарни избори Емил Димитриев попладнево до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите и замениците министри предложени од СДСМ во техничката Влада.
Доставени се оставките на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски и на дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.
Спасовски, Ташевска - Ременски, Наумов, Николовски и Кирацовски денеска до премиерот доставија условени оставки во кои бараат тие да бидат констатирани доколку остане во сила одлуката за распуштање на Собранието.
Според оваа одлука, Парламентот треба да се распушти на полноќ. Во тек се разговори меѓу политичките партии за можно одложување на оваа одлука.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација