Балкан
17. February 2017 - 17:23

До смрт ја претепала својата ќерка, а сега во затвор е повторно трудна!

30-годишна мајка од словенскиот град Јесенице која се суди поради тоа што со нејзиниот вонбрачен партнер до смрт ја претепала 2-годишната ќерка во средата пред судот ги отфрлила сите наводи во обвинението. 

- Не ги признавам наводите и фактите наведени во обвинението, изјавила Санда Алибабиќ.

Таа заедно со нејзиниот љубовник Мирза Јакупи (33) во јули 2016. е притворена  под обвинение за насилство кое довело до смрт на нејзината 2-годишна ќерка од претходниот брак.

Детето со тешки повреди починало во болница, откако двајцата го тепале. Сакајќи да го сокрие она што го направиле, повикала итна помош кажувајќи им дека девојчето паднало на радијатор.

Мајката и нејзиниот сегашен партнер Јакупи обвинети се за насилство врз малолетно лице, и други 6 казнени дела кои предизвикале тешки телесни повреди кои довеле до смрт.

Доколку бидат осудени, се соочуваат со затворска казна од 20 години.

Три постари ќерки на Санда живеат со биолошкиот татко, нејзиниот поранешен сопруг, а таа во моментов е бремена од новиот партнер и наскоро ќе се породи во затвор.

Поради тоа, како што е одредено од затворот во судницата ќе биде доведена заедно со новороденчето кое ќе биде сместено во посебна соба, а судењето ќе биде на период прекинато за Санда да може да се посвето на бебето.