До крајот на денот облачно со сончеви периоди, од утре дожд и снег

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини во поголем дел од денот со магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура во котлините со магла ќе биде во интервал од -3 до 2, а во останатиот дел од земјата од 6 до 10 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје, во поголем дел од денот ќе има магла и ниска облачност. Попладне ќе има делумно намалување на облачноста. Температурата ќе биде до 2 степени.
Синоптичарите за утре најавуваат повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
-Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, известуваат од УХМР.
Ново на Сител
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
