Македонија
30. September 2018 - 15:52

До 15 часот во Демир Капија одѕивот на гласање е 23,51 отсто

До 15 часот во Демир Капија одѕивот на гласање на референдумот е 23,51 отсто. 

Во Демир Капија се гласа на 11 избирачки места. Право на глас имаат 3.364 демиркапијци.

Претседателот на Општинската изборна комисија Стојна Топчиева потсети дека вчера гласаа 23 немоќни лица од Демир Капија.

Гласањето се одвива без проблеми.