Македонија
15. July 2020 - 13:50

До 13 часот на изборите во Охрид излегле 28 отсто, во Струга 17 отсто и во Дебрца 25 отсто од гласачите

На предвремените парламентарни избори денеска до 13 часот во Охрид на гласање излегле 28,27 отсто од лицата со право на глас.

Излезноста до 13 часот во Општина Дебрца изнесува 25,57 проценти, а во Струга 16,61 отсто.

Според информациите од ОИК на трите општини, гласањето се одвива непречено, без какви било направилности во фер и демократска атмосфера.