Свет
4. August 2020 - 19:08

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 18.546.712 лица. Од нив починале 699.835, а оздравеле 11.765.798 лица.

– Во Бугарија во изминатите 24 часа регистрирани се 214 новозаболени лица и 16 починати, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 404.

– Во Романија во изминатото деноноќие потврдени се 1.232 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се искачи на 55.241 луѓе. Од последици од новиот коронавирус починаа 48 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 2.480.

– Во Хрватска во изминатите 24 часа потврдени се 24 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 647. Во истиот период едно лице почина, со што вкупниот број на смртни сличаи изнесува 154.

– Во Црна Гора во изминатото деноноќие регистрирани се уште 60 лица инфицирани со Ковид-19, а едно лице почина. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 3.361 заболени, од кои 53 починале.

– Во Србија за еден ден се регистрирани 287 новозаболени лица и седум смртни случаи од последици од новиот коронавирус. Според податоците на Министерството за здравство 143 луѓе се на респиратор.
 
– Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во таа земја се потврдени уште 4.767 случаи на заразени со новиот коронавирус и дека уште 266 лица починале како резултат на таа инфекција. Вкупниот број заразени лица во државата е 443.813, а вкупно 48.012 лица починаа од почетокот на епидемијата. Мексико е на шестото место во светот по бројот на заразени, а на третото место по бројот на смретни случаи од Ковид-19.

– Во Индија, потврдени се 52.050 случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а како резултат на таа инфекција починале уште 803 лица. Шести ден Индија да пријави повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус. Во државата се заразени најмалку 1.855.745 луѓе и 38.938 смртни случаи се потврдени уште од почетокот на пандемијата. Во моментов, активни се 586.229 случаи на коронавирус, а според бројот на заразени, Индија е не третото место во светот.

– Во Русија во изминатите 24 часа регистрирани се 5.159 нови случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на заразени лица се искачи на 861.423 лица. Русија по бројот на заразени лица се наоѓа на четврото место во светот, по САД, Бразил и Индија. Во изминатото деноноќие починаа уште 144 лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 14.351.

– Во Полска денеска се потврдени рекордни 680 позитивни случаи на новиот коронавирус на дневно ниво, а починаа шест лица. Од почетокот на епидемијата во земјата се заразени 48.149 лица и 1.736 смртни случаи.