Македонија
12. August 2019 - 8:29

ДКСК ќе расправа за избор на заменик претседател

Одлука за избор на заменик претседател на ДКСК и дополнување на годишен план за јавни набавки во 2019 година се на дневниот ред на денешната 21-ва седница на Државна комисија за спречување на корупција.

Антикорупциската, како што е најавено, на седницата покрај расправата по предметот од областа за спречување на корупција и за можен судир на интереси, ќе расправа и за предлог извештајот за остварувањето на Државната програма 2016-2019 за период јануари 2016 – декември 2018 година (трет годишен извештај).

Членовите на ДКСК ќе ја разгледуваат и информацијата во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот за мај и јуни.