Македонија
10. July 2020 - 16:33

ДКСК го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на НВО - и од страна на Владата

Антикорупциска бара да сопре финансисрањето на невладините огранизации од страна на Владата за време на предизборната кампања. На денешната седница го прифатија приговорот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која пред 3 дена побара истрага за распределбата на 500 000 евра кон 40 граѓански организации.

Сопоред антикорупцинерите сомнеж отвара кусиот рок од само два дена во кој биле разгледани 550 поднесени проекти, но и зошто парите се исплатени на 1 јули во екот на кампањата кога рокот за исплата истекува на 19 јули или по завршување на изборниот процес.

Антикорупциска пред три дена побара од Владата одговорност за работењето на министерот за здравство Венко Филипче откако утврдија дека на партиски настан пристигнал со возило во државна сопственост, но од таму  посочуваат дека ваквото барање се уште не е пристигнато.