„Дизни“ отпушта 32.000 вработени поради коронавирусот
Компанијата „Волт Дизни“ вчера објави дека ќе отпушти 32.000 работници во првата половина на 2021 година. Тоа, пред сѐ – кај оние кои се вработени во тематските паркови.
Компанијата претходно, во септември објави дека наскоро може да има 28.000 отпуштања на вработени поради намалениот број посетители при пандемијата.
Тематските паркови на „Дизни“ во Флорида и оние надвор од САД, повторно се отворени, но со воведени строги мерки на физичко растојание, често тестирање на вработените и задолжително носење заштитни маски. Така, во овие комплеккси не е забележано повторно некое поголемо жариште на вирусот.
Но, Франција повторно воведе карантин на национално ниво кон крајот на минатиот месец, поради зголемениот број заразени, па Дизнилендот во Париз, исто така, е затворен. Тематските паркови во Шангај, Хонг Конг и Токио сѐ уште се отворени.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители