Димовски: 2306 нови работни места се отворени во Свети Николе- во источна Mакедонија се инвестира само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт
Илија Димовски, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ3, вечерва во Свети Николе истакна дека во источна Македонија единствено се инвестира само кога ВМРО–ДПМНЕ и Коалицијата се на власт.
Димовски ги потсети граѓаните како беше пред 15 години кога СДСМ беше на власт.
-Вие подобро го паметите овој град пред 15 години и какви трагедии остави СДСМ. Во овој град и тогаш се прогласуваа стечаите и се бркаа луѓето од работа. Тоа го напари СДСМ и им создаде слика на граѓаните дека овој град ќе биде слепо црево во Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека со посветена работа, труд енергија можат да се подобрат работите. Кога прв пат кажав дека овде ќе се гради автопат до Скопје, од СДСМ се исмеваа, рече Димовски.
Тој посочи дека во источна Македонија се инвестира единствено кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт и потсети дека во 2006 година кога СДСМ беа на власт во Свети Николе одеа на работа само 3090, додека денеска таа бројка изнесува 5396, 2306 нови работни места се отворени.
Најави целосна рекоснтрукција на патот од Свети Никола до Куманово.
Ново на Сител
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална