Македонија
25. February 2019 - 9:15

Димитров во Софија на средби со Радев и Захариева

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојува во официјална посета на Бугарија, на покана на неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

Мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како и можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес ќе бидат разменети на средбата на Димитров и Захариева, соопшти МНР.

Димитров е предвидено за време на посетата да биде примен и од бугарскиот претседател Румен Радев.