Македонија
16. October 2019 - 14:09

Димитров во Брисел на средби со европратеници: Надеж дека европските лидери ќе постигнат консензус

Целосно разбирање за нашите очекувања и европски аспирации и изразена надеж дека европските лидери сепак ќе успеат да постигнат консензус околу заслужената одлука за почеток на  преговорите со Северна Македонија беа изразени на средбите кои шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска во Брисел ги оствари со неколку европратеници.

Димитров денеска имаше одвоени средби со германскиот европратеник од ЕПП Михаел Галер, европратеникот од Холандија  од СД Кати Пири и Дубравка Шуица, хрватска европратеничка од ЕПП.

На средбите, како што соопшти МНР, биле разменети мислења за идните чекори, како и за импликациите во случај на недонесување одлука во земјата, пошироко во регионот на Западен Балкан, како и за самата кредибилност на ветената европска перспектива.

Димитров попладнево се приклучува кон активностите од програмата на премиерот Зоран Заев – средби со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, претседателот на Европски парламент Давид Мариа Сасоли, како и со претседателот на Европски совет Доналд Туск.