Македонија
20. September 2021 - 16:46

Димитров тврди дека Османи бил информиран за Миленковски

Димитров и Османи не го спомнале случајот Миленкоски при приимопредавањето, но овој предмет бил познат во МНР. За тоа постојат и записи, вели вицепремеирот Димитров иако неговиот наследник во министерството Османи во неколку наврати тврдеше дека ништо не знел за ерменската афера и меѓународната потерница пред да го испрати истиот во мисија во ОБСЕ во Виена. 

Примопредавањето е 30-ина минути, големите теми, некои совети, прашања итн. Во МНР има записи од случајот, бидејќи имаше писмена комуникација. Кога добивме прилично штури информации дека ќе почне истрага во рамките на МВР, ни беше побарано дали споменатиот има дипломатски пасош, дали користел одмор итн. За таа работа ние ги информиравме надлежните безбедносни агенции, така што и во фајлот, претпоставувам и во личниот фајл на вработениот во МНР ги има сите овие елементи.

Димитров кој во МНР министерувал од 2017 до 2020 година по откривањето на аферата во 2018 година за евакуација на ерменскиот дипломат обвинет за корупација  од страна на македонски дипломати,  вели дека за тоа биле известени МВР и безбедносните служби, а Миленкоски кој тогаш бил тргнат од мисијата во ОБСЕ, бил повторно активиран во мандатот на Османи.

Вицепремерот  Димитров  потсетува дека безбедносните сертификати и ветингот кој го најавува Османи  не се во надлежност на МНР туку на службите за безбедност.