-->
-->
Димитров: Потребна е одлука за отворање на пристапните преговори без одлагање
-->
Со оглед на досегашното македонско патешествие кон ЕУ, за европската перспектива да биде кредибилна, потребна е одлука за отворање на пристапните преговори без одлагање, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров кој денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, имаше билатерална средба со Екатерина Захариева, заменик претседател на Владата и МНР на Република Бугарија, како и со поранешниот шведски премиер, Карл Билд.
Средбата со Захариева, како што соопшти МНР, беше искористена за подготвителните активности во светло на Берлинскиот процес со кој копретседаваат двете земји и за реализација на утврдените приоритети и настани согласно програмата на заедничкото претседавање.
-Одличната соработка меѓу тимовите на двете земји е во духот на она што е наша главна дипломатска цел – да ги зацврстиме темелите на мостовите што ги поврзуваат земјите од регионот и преку копретседавањето на Берлинскиот процес сите заедно да зачекориме напред. Голема одговорност, но и вистинска шанса и за нас и за Европа, рече Димитров.
Шефот на дипломатијата на средбата со Билд кој е актуелен копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи во рамки на состанокот организиран од Охридската група, размени мислења за актуелните политички случувања во регионот и европските перспективи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка