Македонија
15. December 2020 - 15:47

Димитров: Немам и никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот фејбук профил денеска објави дека нема и никогаш немал друго државјанство освен македонското.

Смета дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите.

– Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското, напиша на Димитров на ФБ. 

Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго...

Posted by Никола Димитров - Nikola Dimitrov on Вторник, 15 декември 2020