Димитров ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон
- Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе учествува на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон под покровителство на британската премиерка Тереза Меј.
Конференцијата се организира во рамки на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан - Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и петте земји-членки на ЕУ - Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија.
Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.
Покрај политичката и економската агенда на Самитот на Берлински процес, оваа година во Лондон, се вклучува и темата за безбедност.
Во рамки на програмата на министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.
На маргините на Самитот во Лондон, министерот Димитров заедно со еврокомесарот Јоханес Хан утре ќе имаат воведно излагање во Чатам Хаус, Британскиот кралски институт за меѓународни односи, на панел дискусијата „По Берлинскиот процес - иднината на регионот во следната декада“, посветена на Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари