Македонија
30. October 2019 - 8:22

Димитров ќе реферира за надворешната политика пред матичната собраниска комисија

Собраниската Комисија за надворешна политика денеска на седница треба да расправа за извештајот на министерот за надворешни работи Никола Димитров за спроведувањето на надворешната политика.

Димитров и Османи  вчера на тематска седница за евроинтеграциските процеси во државава на собраниската Комисија за европски прашања дебатираа за недобиениот датум за почеток на членство со Европската унија се осврна на тоа каде лежи одговорноста за последната одлука на ЕС.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  пред да започнат обраќањата на Османи и Димитров ја напуштија седницата на Комисијата, откако пратеникот Антонијо Милошоски ја оцени денешната седница на Комисијата како владина забава.

Тој повика на дебата за оваа тема утре во Комисијата за надворешни работи и го покани таму да дојде министерот за надворешни работи Димитров.