Македонија
13. March 2018 - 16:12

Димитров: Исклучивите позиции ги намалуваат шансите за решение

Процесот на преговарање за името да не се оптоварува со  исклучиви позиции бидејки така се намалува шансата за надминување на спорот. Вака министерот Димитров го коменираше ставот на грчката страна  дека е потребна промена на Уставот за да се реши името.

И Хрватска се надева на решавање на спорот со името , но на начин со кој ке се почитува интегритетот и дигнитетот на двата народа , порача шефицата на хрватска дипломатија Бурик по разговорот со својот домакин  министерот Димитров.

Слично на  Македонија , и  Хрватска има  неразрешен спор со својот сосед Словенија, кој постоеше и пред Загреб да ги започне претпристапните прегвори со Унијата.  Хрватска министерка , запрашана за тоа дали може нешто да сподели од тоа искуството, рече дека билатерланите спорови треба да се решаваат на билатерален начин.