Loading Video...
Тенис
4. September 2019 - 9:19

Димитров и Медведев со победите на Федерер и Вавринка закажаа полуфинале на УС Опен

 
Димитров - Медведев е првото полуфинале кај мажите на последниот Гренд-слем годинава УС Опен. 
 
Бугарскиот тенисер Григор Димитров направи големо изненадување, елиминирајќи го третиот носител Роџер Федерер. Во меч кој траеше 3 часа и 10 минути, Швајцарецот два пати имаше предност добивајќи ги првиот и третиот сет со идентични 6-3. Но. Димитров во своја полза ги реши вториот и четвртиот сет со 6-4, а во решавачкиот пети сет беше и убедлив препуштајќи му на Федерер само два гема (6-2)
 
 
 Противникот на Димитров во полуфиналето (5.носител) Русинот, Медведев во четири сета го победи Швајцарецот, Станислас Вавринка со 3-1 во сетови. 
 
Вториот полуфинален пар кај мажите ќе го дадат победниците од мечевите меѓу (14) Гаел Момфис, Франција и (24) Матео Беретини, Италија, односно (2) Рафаел Надал, Шпанија и (20) Диего Шварцман, Аргентина.