Македонија
18. October 2016 - 16:12

Димитриев - МВР: Нов безбедносен систем по препораките на ПРИБЕ

Преку национален проект до подобро организиран и независен безбедносен системм. Пред одржувањето на изборите треба да заврши првата фаза од проектот за консолидација на безбедносниот систем. Премиерот задолжен за спроведување на изборите, со раководниот тим на МВР ги анализираше активностите за реализација на акцискиот план за реформи во безбедносниот систем. Домашните но и експертите од ЕУ се во одмината фаза на оформување на стратегијата, подготвка на финансиската конструкција, потребата од ангажирање на кадар, како и компарација со други земји. Димитриев оценува дека се за што има консензус помеѓу партиите нема потреба за чекање до формирање на новата влада.

Извештајот на Прибе е основа за промените. Димитриев очекува за една година целосно да заврши реализацијата на националниот проект и преструктуирањето на безбедносниот систем.