Бизнис
11. March 2016 - 19:43

Димитриев: Лани биле отворени 20.000 работни места преку активните мерки за вработување

Падот на  стапката на невработеност на 24,6 отсто е резултат на  реализирањето  на државните мерки и програми за вработување  кои им беа ветени на граѓаните. Сами лани  преку овие мерки вработени се над 20. 000 лица,  изјави техничкиот премиер  за спроведување на изборите Димитриев, по средбата со раководството на агенцијата за вработување. Потенцира дека сите идни активности се насочени кон дополнително намалување на невработеноста.  Веќе е најевен влез на неколку странски фирми и нови инвестиции од домашни компании.

На средбата  со  раководните  лица од Агенцијата е договорена поголам стимулација  на средношколците за практична настава во компаниите , но и на оние со завршено  средно образование.

Вчера и економистите  посочија дека и во идина реба да се спроведуваат и надградат државните мерки   кои заедно со странските и домашните фирми  помогнаа стапката на невработеност  во последниот квартал лани да се спушти на 24,6 отсто, најниско од кога се вршат мерењата . Во оперативниот план за вработување за годинава има вклупно 27 мерки, за дел до веќе течат огласите.