Македонија
18. February 2016 - 12:28

Димитриев: Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите партии

Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино. Засега не гледам ниту една причина тој датум, односно закон да биде дискутабилен.

Ова денеска го истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

- И сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија, рече Димитриев.