Македонија
28. April 2016 - 11:17

ДИК ќе избира членови на општински изборни комисии

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница за случаен избор на престедател, заменик претседател, членови и заменици членови на Општинските  изборни комисии. 

Комисијата синоќа одржа седница на која беа усвоени одлуки, упатства, Кодекс за набљудување на изборите и изборната постапка и барањето за акредитација на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентарни избори 2016.