Македонија
11. December 2016 - 22:24

ДИК до 21.45 часот: 125.300 гласови за ВМРО-ДПМНЕ и 110.509 за СДСМ

Според податоците на Државната изборна комисија до 21.45 часот од 303.365 преброени гласови  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 125.300 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 110.509 гласови.

Трета партија е ДУИ со 20.346 гласови или 6,71 отсто. Партијата БЕСА осовиала 11.653 гласови, Алијанса за Албанците 8.049 гласови, ДПА 6.889, Коалицијата „ВМРО за Македонија“ 5.803 гласови, Коалицијата за промени и правда - трет блок 2.289, Левица 2.193, Либералната партија 938 глаасови  и ПДП 234 до 21.45 часот. 

На видеобимовите поставени во ДИК постојано се менуваат бројките онака како што електронски пристигнуваат резултатите од општинските изборни комисии.