Македонија
12. May 2016 - 16:17

ДИК денеска на седница ги потврди кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на НДМ и СДПМ треба да се корегираат

Државната изборна комисија ги потврди листите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Листите на СДПМ и Народното движење за Македонија според ДИК, содржат неправилности и тие ќе бидат вратени на партиите за доработка

Останатите политички партии решија да не поднесат кандидатски листи.  Извори од албанскиот политички блок потврдуваат дека двете партии биле под силен надворешен притисок да не учествуваат на изборите, додека СДСМ, излезе со став дека на избори не оди бидејќи се плаши дека ќе победи

Сепак, последните анкети на јавното мислење потврдуваат дека Заев не само што е далеку зад Груевски туку и разликата константно се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Луѓето кои добро ја познаваат политиката сметаат дека СДСМ нема да може да го стигне ВМРО-ДПМНЕ без разлика колку пати изборите ќе се одложат.

И во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека имаат значително поголема поддршка од СДСМ. Економските реформи и цврстите позиции за националните прашања даваат резултат. Затоа во партијата се фокусирани на надминување на политичката криза

Извори од владејачката партија велат дека во ситуација кога се соочуваат со опозиција која ги бојкотира изборите и албански политички партии кои ги менуваат ставовите во согласност со надворешните притисоци, речи си извесно е дека граѓаните повторно ќе останат без можноста да го кажат својот став и ќе мора да ги трпат последиците од кризата се додека опозицијата не собере храброст за да се соочи со реалноста.