Loading Video...
Ракомет
8. October 2018 - 15:56

Дибиров и Јагањац во најдобриот тим, Милосављев во „топ 5“ одбрани

Новиот триумф на Вардар во ракометната Лига на шампиони, не мина незабележан и од оние кои ги одбираат најдобрите.    
 
Така, Тимур Дибиров кој постигна осум гола во триумфот на Вардар над Р.Н. Левен (29:27), е дел од најдобриот тим во 4.коло од ЛШ. 
 
Покрај крилото на црвено-црните, во „идеалниот тим“ се најде и бекот на Металург, Халил Јагањац кој иако постигна 10 гола на гостувањето кај Силкеборг не успеа да му помогне на својот тим да го избегне четвртиот пораз во елитното натпреварување (33:25). 
 
Во „најдобрите 7“ се и голманот на Барселона Перез де Варгас, средниот бек на Скјерн, Томас Могенсен, ракометарите на Киелце и Флензбург, Аркадиус Морито (десно крило) и Магнус Род (десен бек), како и пивотменот на ППД Загреб, Сењамин Буриќ 
 
А, чуварот на мрежата на вардарци, Дејан Милосављев, кој имаше голем придонес во победата над Левен со десет успешни одбрани, се оваа прекрасна интервенција избори место во „топ 5-те’ одбрани на колото. 
 
Следно за нашите тимови во елитното натпреварување се гостувањата на Вардар во Полска кај Килце и Металург во Русија, кај Чеховски Медведи (14 октомври).